
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 5 и 6 октомври 2022 година ја организираше дванаесеттата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Известување за нарушување на безбедноста“, „Директен маркетинг и профилирање“ и „Безбедност на личните податоци (технички и организациски мерки)“
На првиот ден од обуката беа појаснети обврските пријавување на нарушување на безбедноста на личните податоци, последиците од пријавување на нарушувањето, задоцнето известување, во кои случаи не е потребно да се достави известување. Понатаму беа опфатени правилата за вршење на директен маркетинг и профилирање. На вториот ден од обуката беа појаснети техничките и организациските мерки кои треба да се имплементираат од страна на контролорите и обработувачите.
Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]