Published On: февруари 16, 2024Categories: Вести, Новости

Агенцијата за заштита на личните податоци на 16.02.2024 година изврши вонредна супервизија поведена по службена должност над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита од страна на Владата на Република Северна Македонија, а во врска со Одлуката за исплата на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година бр. 14-1501/4 од 13.02.2024 година објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 39/24.

За извршената вонредна супервизија составен е записник и се донесе решение со кое се утврдува дека Владата на Република Северна Македонија со објавување на матичните броеви, броевите на трансакциски сметки и називите на банките на вкупно 519 апликанти  во Одлуката за исплата на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година бр. 14-1501/4 од 13.02.2024 година објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 39/24 постапила спротивно на начелата на „законитост, правичност и транспарентност“, „ограничување на целите“, „минимален обем на податоци“ и „интегритет и доверливост“, при што овозможила матичните броеви на лицата (апликантите) да бидат непотребно видливи, со што се направени повреди на одредбите на членот 9 став (1) алинеи 1, 2, 3 и 6, членот 10 и членот 83 став (6) од Законот за заштита на личните податоци.

Со Решението на Агенцијата се наредува Владата на Република Северна Македонија да изврши изменување на Одлуката за исплата на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година бр. 14-1501/4 од 13.02.2024 година при што ќе се избришат матичните броеви на граѓаните, трансакциските сметки и називите на банките на 519 апликанти.

Исто така се задолжува генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија од денот на приемот на Решението да ја повлече Одлуката за исплата на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година бр. 14-1501/4 од 13.02.2024 година која што е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ 39/24, според одредбите од членот 5 став 3 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 56/99 и 43/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 21/21) и се задолжува Владата на Република Северна Македонија за преземените дејствија и активности по ова решение, во рок од 5 (пет) дена по истекот на рокот писмено да ја известат Агенцијата за заштита на личните податоци, како и да достават писмен доказ за преземените дејствија.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]

    Прочитај повеќе
  • На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе